9.8 C
Skopje
четврток, 5 февруари 2026

Противникот на Шкендија во КЛ остана без планираното премиерлигашко засилување

Турските медиуми долго го најавуваа трансферот на Рахим Стерлинг во Самсунспор откако поранешниот англиски репрезентативец остана без клуб по раскинот на договорот со Челзи.

Иако оваа сезона нема одиграно ниту минута, сепак Турците го најавуваа како вистинска ѕвезда, но на крајот Стерлинг не го прифатил договорот бидејќи не сакал да игра во турското првенство.

Токму Самсунспор е противникот на Шкендија нокаут-рундата во баражот од Конференциската лига.

 

- Оглас -

Најнови вести