Противниците ги шокираа: Џабе играте, ќе ве исфрлат од Прва Лига

Мореиренсе ќе биде исфрлен од Првата португалска лига по завршувањето на оваа сезона, без разлика на пласманот, објави претседателот на Белененсес, Руи Педро Соареш.

Веста е шокантна, ако е вистината, а Соареш тврди дека епилогот ќе биде исфрлање на клубот од Мореира, поради случај стар веќе 10 години.

„Веќе се знае дека Мореиренсе ќе биде исфрлен од Првата лига. Раководството на фудбалската федерација на Португалија ги гони за обид за местење во сезоната 2011/12, па одлуката е донесена, само се чека момент да се соопшти. Искрено ми е жал за моите спортски пријатели од Мореиренсе“, изјави Соареш.

Првиот човек на Белененсес ја даде изјавата вчера веднаш по натпреварот против Мореиренсе што заврши нерешено 1:1.

Пред 10 години раководството на Мореиренсе се обидело да поткупи дел од играчите на Санта Клара и на Навал, тогаш во натпревари од Втората португалска лига.

Мореиренсе заврши на второто место во сезоната 2011/12 и успеа да се пласира во Првата лига, но сега веројатно ќе ја плати сметката и ќе биде исфрлен од елитата, но по завршувањето на сезоната во Примеира што започна неодамна и се одиграни 4 кола.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести