Противниците се плашат од Клоп, а тој откри зошто го прави тоа пред секој меч

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, стандардно може да се забележи како пред секој натпревар стои на центарот на игралиштето и е фокусиран кон противничките играчи додека се загреваат. Чудно делува фактот дека Клоп пред почетокот на средбата наместо да се фокусира на своите фудбалери и да биде во нивна близина, тој стои кај противниците.

Некогашниот голман Бен Фостер вели дека таквото однесување на Клоп дури делува застрашувачки за противниците, а со тоа се согласува и фудбалерот на Евертон, Џејмс Тарковски.

„Погледот на Клоп влијае на мене во периодот додека се загреваме пред мечот. Секогаш се фокусирам да не погрешам на загревање затоа што Клоп тоа веднаш ќе го забележи и ќе го потенцира во нивната соблекувална велејќи „Овој Тарковски греши на загревање, играјте по неговата страна“. Затоа и внимавам при секое додавање на загревањето“, вели Тарковски.

https://twitter.com/i/status/1733469362621645124

Клоп остана збунет од фактот дека ги плашел противниците.

„Не знаев дека делувам страшно. Не стојам таму за да ги плашам. Тоа го правам за да можам да утврдам некои технички и тактички работи пред мечот. Некогаш пртивничката екипа на загревање ја поставува својата вистинска формација и позициите на кои ќе играат фудбалерите. Тоа ми дава шанса да им потенцирам на моите фудбалери како да бидат поставени уште пред да почне дуелот“, откри Клоп.

Клоп и Ливерпул сезонава играат одлично и тимот е прв во Премиер лигата со добри шанси да атакува на титулата во домашното првенство.

- Оглас -

Најнови вести