Протоколот на УЕФА не дозволува средби со репрезентативците

ФФМ потврди дека според здравствениот протокол на УЕФА поврзан со пандемијата со корона-вирусот, не е во можност да организира средби меѓу репрезентативците и одредени државни институции кои изразија желба да им честитаат на фудбалерите и да им посакаат среќа пред историскиот настап на Европското првенство.

Соопштението го објавуваме во целост:

„Фудбалската федерација на Македонија упати искрена благодарност кон сите кои искажаа честитки кон нашите репрезентативци пред историскиот настап на Европското првенство и имаа желба лично да им се обратат на фудбалерите со намера да им посакаат успех и добар резултат на натпреварите од Европскиот шампионат.

Но, истовремено, мораме одново да потенцираме дека согласно протоколите од УЕФА, како и јасните упатства кои ги имаме добиено, не сме во можност да организираме каков било прием за поединци или лица од државни институции од причина што одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи.

Важноста за превенција поради строгите ограничувања за здравствена заштита и наметнатите протоколи од УЕФА кои ги диктираат условите за каква било активност која не е поврзана со програмата на репрезентацијата пред Европското првенство, а уште повеќе што во тимот веќе има потврдено позитивен случај на ковид-19, ја потврдуваат лицата задолжени за здравствениот протокол во репрезентацијата, лекарскиот тим и д-р Невзат Јонузизадолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија.

„Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки согласно дисциплинските правила на УЕФА и да го загрозат учеството на тимот во завршниот турнир. Самиот концепт на заштитен меур (team bubble) има цел да создаде заштитено и ограничено опкружување за играчите и техничкиот персонал во текот на нивниот престој во хотел и за време на патување во завршниот турнир. Делегацијата на тимот мора да избегне каков било контакт со кое било лице надвор од нивниот ‘меур’ за да се минимизира ризикот од зараза до секој можен степен“, истакна д-р Невзат Јонузизадолжен за спроведување на т.н. протокол на УЕФА за враќање во игра во услови на пандемија“.

- Оглас -

Најнови вести