Процентите од мнозинството прогнозери за денеска нудат примамлив тикет со седум парови

Кристина М. е најуспешна прогнозерка после завршување на саботните шест натпревари од основната понуда на Спортска прогноза, и таа е единствена со шестка, и остана во игра за 13-ка, со шанса за освојување на премијата и сама да си одбере вреден подарок од Sport Life.

Многу мал процент (само 7,35 проценти) на прогнозери ја погодија победата на Стразбур на гостувањето кај Нант, а меѓу нив е и Кристина. Многумина не очекуваа ни гостински победи на Лече и Торино, но Кристина ги погоди и нив, па денеска чека исходи на преостанатите седум меча за да стане првата сезонава со 13-ка, или барем вредносен ваучер од Sport Life за 11-ка или 12-ка.

За денешните седум мечеви од основната понуда, мнозинството играчи има четири фаворити, а тоа се Клермон против Ле Авр, (66,2 проценти типувале кец), Вилјареал против Валенсија (65,26 отсто се за победа на домашните), Ливерпул против Манчестер јунајтед (победа на Црвените типувале 63,6 проценти од играчите) и Марсеј против Рен (така мислат 54,1 отсто).

Кај останатите три парови, поделеноста е поголема и нема исход во кој веруваат повеќе од 50 проценти од играчите на Спортска прогноза.

Замислениот тикет според прогнозите на мнозинството играчи на Спортска, би изгледал вака некако:

1709 Брест – Лил Х2

1005 Вест Хем – Астон Вила Х2

2885 Клермон – Ле Авр 1

1466 Вилјареал – Валенсија 1

1125 Манчестер Јунајтед – Ливерпул 2

2887 Рен – Марсеј 2

1468 Атлетико Мадрид – Барселона 1Х

 

- Оглас -

Најнови вести