Провокација од фановите на Бостон: Кари не знае да погоди тројка, жена му не знае да готви!

Навивачите на Бостон селтикс на разни начини се подготвуваат за вечерашниот меч од финалето на НБА-лигата, кога во нивната сала ќе гостува Голден стејт вориорс, а имаат подготвено и начин како да го нервираат најдобриот противнички играч Стеф Кари.

Во еден бар во Бостон, насловот на менито е „Ајеша Кари не знае да готви“, а ова се однесува на жената на Кари. Освен тоа, новина се и маички на кои пишува „Стеф Кари не знае да погоди тројка“.

На претходниот меч, најдобриот тројкаш во историјата на лигата, Кари, ги утна сите девет обиди за три поени, но Вориорс сепак победи.

Можеби со ова Кари ќе има само мотив плус вечерва да експлодира и со тројки да го разбие противникот. Ако верувате дека имате добро претчувство дали Кари ќе даде повеќе или помалку од 4 тројки, може да уплатите тикет во Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести