Провокација од Озил до Тотенхем (Видео)

Месут Озил, кој беше прогласен за најдобар играч на натпреварот Арсенал – Њукасл, по триумфот од 2-0, даде изјава во која го „боцна“ најлутиот ривал на Арсенал, Тотенхем.

Плејмејкерот истакна дека се среќни што оваа победа им донела пласман во првите четири на табелата и место пред Тотенхем, а откако сфати што кажал, Озил се поднасмевна.

„Топчиите“ синоќа рутински го победија Њукасл со головите на Арон Ремзи и Александр Лаказет и сега се на трето место, зад Манчестер сити и Ливерпул. Арсенал има два бода повеќе од Тотенхем и Манчестер јунајтед, а три од Челзи.

https://twitter.com/i/status/1112826526700113923

- Оглас -

Најнови вести