Иако Џејдон Санчо требаше да биде меѓу мултимилионските трансфери ова лето, со тоа што Манчестер јунајтед ќе му беше новата дестинација, засега Англичанецот ќе продолжи да ги брани боите на Борусија Дортмунд. Најмалку уште една сезона Санчо ќе биде Милионер, а колку се среќни за неуспешната соработка со Јунајтед, покажаа на социјалните мрежи.
„Сега затворете ги очите“ е насловот на фотографијата објавена на официјалниот твитер-профил на германскиот вицепрвак, на која Санчо позира во клупската опрема за тренинг. Инаку Дортмунд вчера ги започна подготовките за новата сезона.
https://twitter.com/BVB/status/1292931131436924931