Црвена ѕвезда направи подвиг и втора година по ред ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите. Српскиот првак се најде во група со Баерн Минхен, Тотенхем и Олимпијакос, со мали шанси за прогрес понатаму. Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Стив Ворнок, на гостувањето на една англиска телевизија едноставно ги навреди фудбалерите на Ѕвезда.
„Тоа е многу непријателско место! Тие се полупрофесионалци, луѓе кои имаат и други работни обврски. Имаат многу играчи кои се водоинсталатори и вршат други слични работи, а потоа ќе сфатите дека поголем дел од нив и минатата година беа во ЛШ. Навистина импресивно“, изјави Ворнок.
Екс играчот на Ливерпул како да не знае дека минатата сезона Ѕвезда во Белград славеше против актуелниот европски првак, и тоа со 2:0. Ваквите провокации од Англија треба да бидат само мотив повеќе за играчите на Црвена ѕвезда да одиграат максимално во групната фаза, посебно во дуелите со Тотенхем.
https://twitter.com/i/status/1167138252475838464
Лондонскиот тим е финалист во Лигата на шампионите од лани, но сепак Тотенхем е уште едно скалило зад Ѕвезда, која го има освоено трофејот во најсилното натпреварување на УЕФА.