27.8 C
Skopje
сабота, 16 август 2025

Прв бод за Металург во Европската лига

Ракометниот клуб Металург го освои првиот бод во третиот настап во ЕХФ Европската лига откако вечерва во „Борис Трајковски“ одиграа нерешени 33-33 против австриски Аон Фајверс.

Металурзите имаа негатива по првото полувреме во кое примија дури 19 голови, но потоа во вториот дел заиграа подобро и на крајот мораа да се задоволат со бод бидејќи гостите го имаа последниот напад, но не реализираа.

Хорват и Серафимов со по 7 гола беа најефикасни во македонскиот тим, Канкараш даде 6, а Мариќ пет. Кај Австријците блескаше крилото Дамбек со 11 гола од 12 упатени шутеви кон голот на Металург.

- Оглас -

Најнови вести