Ретки се фудбалерите кои направиле директен трансфер од еден во друг клуб кога се работи за ривалите од Манчестер. Последниот трансфер помеѓу Јунајтед и Сити е во 1999 година, кога Тери Кук ги замени Црвените ѓаволи за Граѓаните, но и покрај ваквата традиција, Пеп Гвардиола веќе одобрил да се преговара за купување на фудбалер од таборот на ривалот.
Се работи за 20-годишниот Коби Маино, кој според мислењето на Каталонецот, одлично би се вклопил во неговата фудбалска филозофија. Сепак, Граѓаните ќе имаат сериозна конкуренција бидејќи за неговиот потпис има интерес и од Њукасл и Челзи.
Доколку се реализира овој трансфер, тоа ќе биде вистински потрес на Островот, со оглед на тоа дека ќе биде прв директен трансфер од 1999 година, но и претходно не се чести случаите кога градските ривали пазареле во спротивниот табор.