Прв добитен тикет на Фејсбук дуелите на Sport Life, добивката збогатена со петочниот бонус (Фото)

Даниел Тасески е првиот прогнозер кој има добитен тикет во Facebook дуелите на Sport Life. Тој во петокот го доби дуелот против Мартин Насковски, а денеска повторно тие двајца се во дуел.

Инаку, Даниел во петокот имаше тикет со пет натпревари на кои точно погодил колку голови ќе паднат, а добивката му е малку над 5.000 денари.

Тој го искористи бонусот од SL менито со кој играчите секој петок добиваат бонус од 10 проценти на потенцијалната добивка за несистемски тикети на кои има барем пет меча со квоти од 1.50 или поголеми, а да ја нема играта конечен тип.

Правилата на игра се следни:

Секој вторник и петок на фејсбук-страницата на Sport Life ќе се даде шанса на двајца натпреварувачи да ги истакнат своите знаења во типувањето.

Секој од натпреварувачите ќе понуди 5 натпревари и минимум коефициент на тикет од 20. Тикетите ќе ги уплатиме со ваучери од 200 денари и во случај на добитен тикет, средствата ќе им бидат доделени.

– Систем на елиминација:

Кој од двајцата натпреварувачи ќе има фатено повеќе натпревари (во случајот на ист број одлучува коефициентот), ќе продолжи со типување, а предизвикувачот ќе го избереме по принципот кој прв ќе одговори на предизвикот кој ќе го поставиме во среда и понеделник.

- Оглас -

Најнови вести