24.8 C
Skopje
четврток, 28 август 2025

Прв гол сезонава за македонскиот репрезентативец во романската лига

Со капитенската лента на раката, македонскиот репрезентативец Исник Алими постигна гол со кој ја најави победата од 3-0 на неговиот клуб Сепси Сфинтул Георге на дуелот со Ботошани од романската прва лига.

За Алими кој даде гол од пенал, ова беше прв погодок сезонава за неговиот клуб. Минатата сезона имаше солидна бројка од шест голови, што не е лошо за фудбалер кој не е напаѓач.

За Сепси заврши серијата од четири порази, ова им е трета победа сезонава во деветтиот настап.

- Оглас -

Најнови вести