Младиот шведски фудбалер со македонско потекло, Дејан Кулушевски, вечерва на натпреварот помеѓу Парма и Торино го постигна својот прв гол во кариерата откако игра во Италија. Кулушевски, кој е роден пред 19 години во Стокхолм, има играно за У-16 репрезентацијата на Македонија, но потоа реши да настапува за Шведска.
Во минатата сезона тој го носеше дресот на Аталанта, а сега е во Парма и против Биковите од Торино ја отвори и својата „гол-сметка“ која досега беше блокирана. Со голот на нашинецот Кулушевски во втората минута, Парма поведе, но десет минути подоцна гостите изедначија на 1-1.
https://www.youtube.com/watch?v=O0OxR8NsNP0