Некогашниот капитен на англискиот национален тим, Вејн Руни, го направи својот прв хет-трик во дресот на Ди Си јунајтед во американската МЛС лига. Руни на дуелот со Солт лејк, ги даде првуте три гола за екипата од Вашингтон, и придонесе за убедливиот триумф од 5-0.
Руни кој во својата земја играше за Евертон и Манчестер јунајтед, го отвори резултатот во 34 минута од пенал, на 2-0 зголеми пред крајот на првото полувреме, а во 65 минута го комплетираше својот прв хет-трик откако игра во САД. Солт лејк остана без двајца играчи, па Ди Си ја искористи предноста и даде уште два гола, за конечни 5-0. Јунајтед има 7 бода од три одиграни меча.
Победа извојува и Лос Анџелес галакси, иако во составот го немаше Златан Ибрахимовиќ.
Погледнете ги погодоците на Руни: