Белгија ја совлада Грузија со 79-76 по продолжение од пет минути и тоа беше прв натпревар на Европското првенство во кошарка на кој имаше дополнително време за игра. Во регуларниот дел, средбата заврши 70-70.
Мечот се играше во Тбилиси, но играњето на свој терен како да им донесе голем притисок на Грузијците, па тие неочекувано загубија.
Во регуларниот дел двата тима имаа шанса да победат, но не успеаја, а во продолжението, повеќе нерви имаа Белгијците, на кои сега им требаат уште две победи (во група се со Бугарија, Црна Гора, Шпанија и Турција) за сигурен пласман во следната фаза на Евробаскетот.