Прв историски бод за Грузија, Мамардашвили со „сто раце“ ги излуде Чесите (Видео)

Грузија го освои историскиот бод на европските првенства, благодарејќи на голманот Ѓорѓи Мамардашвили кој имаше блескава партија против Чешка. Голманот на Грузијците потклекна само еднаш, во 59.минута, кога Патрик Шик успеа да ја испрати топката во неговата мрежа за конечни 1-1.

Чесите имаа дури единаесет директни удари во рамките на голот на Грузија, но Мамардашвили бранеше фантастично.

Грузија дојде во водство на истекот на првото полувреме кога беше досуден пенал на интервенција од ВАР собата, поради игра со рака на Хранач.

Георгес Мијаутадзе беше сигурен реализатор на пеналот за Грузијците.

Во 95.минута, Лобжанидзе имаше одлична шанса да донесе триумф за својата селекција, но не беше прецизен.

Во третото коло, Чешка ќе игра против Турција, а Грузијците ќе имаат дуел против Португалија.

- Оглас -

Најнови вести