26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Прв контролен меч: Реал го победи Леганес во натпревар затворен за јавноста

Реал Мадрид ја имаше првата проверка пред стартот на новата сезона. Избраниците на Чаби Алонсо имаа подолга пауза, па мечот против Леганес, кој се одигра на теренот број седум во тренинг-базата на Кралевите, беше затворен за јавноста, а на новинарите и на снимателите не им било дозволено ниту да се доближат до комплексот.

Според извештаите, Реал Мадрид победил со 4-1, но Леганес имал водство од 0-1, а до полувремето Кралевите направиле пресврт. Низ шпанските медиуми може да се сретнат различни информации околу стрелците на головите за Кралевите.

- Оглас -

Најнови вести