5.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Прв меч на Нејмар во 2026 и веднаш ѕверски старт над него – и тоа по барање на фановите (Видео)

По двомесечна пауза поради повреда, Нејмар синоќа се врати во тимот на Сантос, одигра 45 минути, имаше асистенција во победата од 6-0 над Вело Клубе и ја започна операцијата „Настап на Светско првенство 2026“.

Бразилецот по секоја цена сака да биде во тимот на Мундијалот во САД, Канада и Мексико, ова му е последен обид да го освои Светското првенство, но прашање е дали ќе остане здрав со оглед на тоа какви фаули трпи од противничките дефанзивци.

Селекторот Карло Анчелоти јавно го поддржа Нејмар и рече дека ќе смета на него ако е здрав и физички подготвен, но и дека му е потребен континуитет на игрите.

Бразилските медиуми објавија пред натпреварот дека ултрасите на Вело Клубе им рекле на играчите: „Направете сè што е потребно за да победите! Ако треба и да го скршите Нејмар и да го исфрлите од Светското првенство, тогаш направете го тоа!“

Брзо откако влезе во игра, над Нејмар беше направен груб прекршок, старт за кој беше покажан само жолт картон. За среќа, најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Бразил не се здоби со сериозна повреда и продолжи да игра.

- Оглас -

Најнови вести