Манчестер јунајтед победнички ја започна сезоната во Премиер лигата откако минимално со 1:0 славеше против Фулам. Единствениот гол на „Олд Трафорд“ го постигна холандското засилување Џошуа Циркзе.
Во 60 минута Циркзе влезе во игра, а голот за победа го даде во 87 минута. Акцијата по која беше постигнат голот може да ја видите ТУКА.
По постигнување на голот, Манчестер јунајтед имаше уште една голема шанса да нов погодок, но Алехандро Гарначо промаши нешто што е речиси невозможно да се утне.
По еден кикс на гостинската одбрана, Рашфорд излезе сам пред противничкиот голман. Не сакаше да биде себичен, тој ја додаде топката до Гарначо кој имаше празен гол пред себе, но наместо во мрежата, топката ја испрати покрај голот.