Првиот милионски трансфер во 2025 година го направи членот на француската Лига 1, Рен, кој купи фудбалер на Ал-Наср за 20 милиони евра. Се работи за фудбалерот од Брегот на слоновата коска, Секо Фофана, кој после 18 месеци се враќа во Франција.
Фофана летото 2023 беше продаден од Ленс на Ал-Наср за 25 милиони евра, а после само една полусезона, беше испратен на позајмица во Ал-Етифак. Во моментот кога беше продаден од Ленс на Ал-Наср за 25 милиони евра, вредеше дури 32 милиони евра, а сега Рен го купи за 20 милиони евра, иако неговата вредност е само 12 милиони.
Новиот фудбалер на Рен е роден во Париз, но одлучи да настапува за земјата на своите родители, Брегот на слоновата коска и успеа да собере 22 настапи.