Прв натпревар на Африканскиот куп на нации кој го одлучија пеналите (Видео)

Победникот од осминафиналето на Африканскиот куп на нации меѓу Египет и Конго беше одлучен по пенал-рулетот, откако во регуларните 90 минути и по продолженијата од двапати по 15 минути, резултатот беше 1:1.

Како подобри пеналџии се покажаа фудбалерите на Конго кои во деветтата серија успеаја да слават.

Во првите пет серии, и двете селекции промашија во втората серија, Мостафа Мохамед кај Египет, а Артур Масуаку кај Конго.

https://twitter.com/i/status/1751745131995140151

Во следните седум серии и двете репрезентации беа сигурни во реализацијата, се до моментот кога ред му дојде на голманот на Египет, Мохамед Абу Габал, кој ја погоди пречката наместо мрежата, а потоа Мпаси-Нзау беше сигурен и го однесе Конго во четвртфиналето.

https://twitter.com/i/status/1751744530460684793

Во регуларниот дел, Конго поведе со голот на Елија во 37-та минута, а Египет израмни во последните моменти од првио дел и тоа преку Мостафа Мохамед од пенал.

Конго во четвртфиналето на Африканскиот куп на нации ќе игра против Гвинеја која со гол во 98-та минута ја победи Екваторијална Гвинеја.

- Оглас -

Најнови вести