Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска од 18 часот во СРЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра третиот меч од групната фаза на Европското првенство, а противник е Романија.
По првите две кола, Македонија има два убедливи порази, по еден од Франција (24:14) и од Холандија (30:15), па затоа е последна во групата, во која и Романија двапати загуби. Романките минимално беа поразени од Холандија (29:28), но беа нокаутирани од Франција (35:21), па сега и тие ја бараат шансата за прв триумф.
Реалната слика е тоа дека Романија е фаворит, иако Македонија е домаќин на ЕП. Овие две селекции играа двапати минатата година и Романките двапати убедливо победуваа, и тоа со 35:20 и 33:22. Според квотите во Sport Life, Романија ќе победи, а прашање е дали тоа ќе биде со плус 8 разлика или помалку.
Во вториот меч од нашата група, Франција и Холандија ќе играат во борба за првото место.
Денеска се игра и третото коло во Д групата, во кое Црна Гора ќе се обиде да ја сочува лидерската позиција. Кодомаќинот на ЕП за противник денеска го има тимот на Полска, додека во вториот меч од оваа група ќе играат Германија и Шпанија.