Во полуфиналето од Лигата на шампионите сезонава ќе играат Арсенал против Пари Сен Жермен и Барселона против Интер. Ова е првпат во последните пет години меѓу четирите најдобри екипи да ги нема ниту Реал Мадрид, ниту Манчестер сити.
Попрецизно кажано, во последните четири финалиња во ЛШ играле Реал Мадрид или Манчестер сити. Реал беше шампион во 2022 и 2024, а Сити се радуваше на трофејот во 2023, додека во 2021 загуби од Челзи.
Последен пат кога Реал или Сити не биле во полуфинале, шампионскиот трофеј го освоил тренерот Ханси Флик, и тоа како предводник на Баерн Минхен. Тоа беше во „корона-сезоната“ кога имаше „фајнл-ејт“. Во големото финале тогаш Баерн со 1:0 го победи Пари Сен Жермен.
Сега може да се повтори Флик да игра против ПСЖ во финалето. Овојпат германскиот стратег е на клупата на Барселона.
Финалето од ЛШ ќе се игра на 1 јуни во Минхен, местото каде што Флик ја освои титулата во 2020 година.