15.8 C
Skopje
понеделник, 29 септември 2025

Првпат по три години се одигра меч кој заврши нерешено во НФЛ

Американската НФЛ е најсилната лига во светот каде што многу ретко се случува да има нерешен резултат. Такво нешто по пауза од три години се случи утрово, на мечот меѓу Далас каубојс и Грин беј пакерс, кога резултатот беше 40:40.

Најпопуларниот НФЛ клуб, Далас каубојс, губеше со 0:13 дома, но до полувреме направи пресврт и поведе со 16:13. Во третата четвртина двата тима имаа по еден тачдаун за 23:20. Последната четвртина беше најефикасна, а ја добија гостите со 23:20 и вкупен резултат 37:37, па мораше да се играат продолженија.

Во продолженијата двата тима погодија по еден филд гол, од кои гостите тоа го направија во последната секунда и на крајот мечот заврши 40:40.

Бидејќи нема второ продолжение во регуларната сезона на НФЛ, натпреварот заврши керешено. Ова беше првпат ова да се случи од 2022 година, кога Вашингтон Командерс и Њујорк џајантс одиграа нерешено 20:20.

- Оглас -

Најнови вести