Прв пат применето новото правило во фудбалот (Видео)

Саудиска Арабија загуби со 2:0 од Франција на дуел од младинското Светско првенство кое се игра во Полска. Резултатот е очекуван, а мечот ќе остане запамтен како прв на кој беше применето едно од неколку те нови правила на ФИФА.

Светската фудбалска федерација реши да воведе правило според кое, кога голманот ќе изведува од својот петерец, во шеснаесетникот е дозволено да стојат играчи на тимот кој треба да направи акција. Токму таква акција направија играчите на Саудиска Арабија.

Изведбата на новото правило не делуваше лошо, па Саудиска Арабија со неколку прецизни додавања успеа да стигне дури и во ситуација да го загрози голот на Франција, но на крајот не погоди. Во иднина сигурно ќе гледаме вакви ситуации, но ова е прв пат да се примени новото правило на ФИФА.

Денеска на програмата на СП до 20 години има четири нови мечеви, а играат: Мексико – Јапонија, Еквадор – Италија, Сенегал – Колумбија и домаќинот Полска против Тахити. Комплетната понуда за обложување на сите дуели може да ја видите во Sport Life.

https://twitter.com/ousgod/status/1132387576873193472

 

- Оглас -

Најнови вести