Првпат сезонава Ливерпул не е фаворит за победа, Партизан е „осуден“ на пораз од Црвена ѕвезда

Неколку големи дерби-мечеви се во фокусот на 21-вото коло на Спортската прогноза, кое ќе стартува утре, и тоа со мечот меѓу Евртон и Манчестер јунајтед. Ова ќе биде дуел на две екипи од долниот дел од табелата. Евертон е на 14-тото место со 30 бода, а Манчестер е позиција подолу со бод помалку. Точно половина од прогнозерите веруваат дека Црвените ѓаволи ќе победат на ова гостување.

Вечното белградско дерби ќе се игра на „Рајко Митиќ“, а Црвена ѕвезда ја сметаат како апсолутен фаворит за победа над Партизан. Над 80 отсто од прогнозерите очекуваат Црвено-белите да победат, а во Партизан веруваат едвај пет отсто од оние што прогнозираа.

Во Премиер лигата Манчестер сити е домаќин на лидерот Ливерпул. Првпат сезонава Ливерпул на еден меч не е фаворит за победа според прогнозерите, па 40 отсто очекуваат победа на Граѓаните, а за триумф на Ливерпул веруваат 35 отсто.

На секој прогнозер главен предизвик му е да се обиде да погоди Среќна 13-ка, односно да ги има сите 13 фикса од понудените мечеви. За перфектно типување прогнозерот може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени фиксови следува вредносен ваучер од 1.000 денари, а 11-ката се вреднува со ваучер од 500 денари.

- Оглас -

Најнови вести