Првпат во историјата станаа прваци, а поради банално правило може да останат без место во ЛШ

Екипата на Јагелонија првпат во клупската историја стана првак на Полска. Овој клуб постои 103 години, а дури сега доби шанса да игра во Лигата на шампиони, а треба да почне од второто квалификациско коло како неносител.

Сепак, постои проблем поради кој настапот на Јагелонија во Лигата на шампионите е загрозен. Според правилата на УЕФА, секој клуб кој игра во елитното натпреварување на УЕФА мора да има аеродром во кругот на 200 километри од местото на играње. Стадионот на Јагелонија е одалечен 210 километри од најблискиот аеродром, кој се наоѓа во Варшава.

Се очекува УЕФА во овој случај да „прогледа низ прсти“ затоа што се работи само за едвај 10 километри повеќе од дозволеното. На крајот Јагелонија сепак се очекува да добие „зелено светло“ и на свој терен да настапи на историскиот прв настап во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести