Прв пат во кариерата играше на трева и трофејот од Вимблдон го донесе во Кенија!

Младата тенисерка Анџела Окутоџи испиша неверојатна приказна на Вимблдон, откако триуфмираше во дабл конкуренција кај јуниорките. Окутоџи во пар со Роуз-Марија Нијкамп од Холандија во финалето ја совладаа канадската двојка Крос-Мбоко со 3:6, 6:4, 11:9 и така Анџела стана првата Кенијка која триумфирала на Вимблдон.

Да биде подвигот уште поголем, Окутоџи никогаш претходно во кариерата нема играно тенис на трева. Во дебито на тревната подлога во сингл конкуренција беше елиминирана уште во првото коло, а во дубл не само што стигна до финалето, туку го освои и трофејот наменет за јуниорките.

„Сјајно е што сум првата Кенијка која триумфирала на Гренд слем турнир, прва сум дури и што заиграла во финале и сега го освоив трофејот. Се надевам дека ќе бидам инспирација за многу млади тенисерки не само во Кенија, туку во цела Африка. Ги уверувам дека може да го направат истото. Не е важно од каде доаѓате, туку важно е да верувате во својот сон и дека може да дојдете до целта“, вели победничката Окутоџи, која додаде дека веднаш ја засакала тревната подлога за играње тенис.

https://twitter.com/i/status/1545823251120660487

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести