Прв пик на драфтот во НХЛ е Слафковски, ќе игра за Монтреал!

Словачка е во еуфорија, првите два пика кои беа избрани рано утрово на драфтот во хокејската НХЛ-лига се од нивната земја.

Прв право да бира имаше Монтреал канадиенс и изненадувачки го избра 18-годишниот Јурај Слафковски. Потоа бираше Њу Џерси девилс, кој го зеде Симон Немец, па така се испиша историја на словачкиот хокеј.

Досега највисоко што бил драфтуван некој Словак беше трет избор во 2000 година. Слафковски се прослави на Зимските олимписки игри во Пекинг, кога беше МВП на турнирот и прв поентер со 7 гола и 7 асистенции. Тој досега играше за финскиот клуб ТПС.

- Оглас -

Најнови вести