Хрватска ја победи Франција со 23:20 и успеа да го прескокне Бразил и да игра за пласман на петтото или шестото место, позиции кои гарантираат настап на квалификацискиот турнир за Летните олимписки игри.
Избраниците на Лино Червар ја направија разликата во второто полувреме, откако по 30 минути игра, беше нерешено 11:11.
Златко Хорват со 7 погодоци беше најефикасен на мечот, пред Ричардсон со шест погодоци. Во поголемиот дел од мечот Французите играа со резерви и веројатно го освоија второто место во групата што ги води на мегдан во Хамбург со првопласираната селекција од втората група.
Во последниот дуел ќе играат Германија и Шпанија и ако слави домаќиниот, ќе биде прв на табелата.
Во меч од втората група, Норвешка ја победи Унгарија со 35:26, но стравува за полуфинале и ќе навива за победа на Данска против Шведска.