Прв пораз на лидерот во Бундеслигата, домаќините беа перфектни, а во просек имаше речиси четири гола на меч

Ајнтрахт Франкфурт со 2:0 славеше над Унион Берлин и по некомплетно осмо коло, веќе нема непоразени екипи во германската Бундеслига. Марио Геце и Линдстром беа стрелци за Ајнртахт и тоа уште во првото полувреме за сигурно водство на Ајнтрахт од 2:0, кој иако од 69 минута беше си играч помалку, успеа до крајот да ја сочува оваа предност.

За Унион Берлин ова беше прв пораз сезонава, но и покрај неуспехот, тимот од главниот град на Германија останува на челната позиција во Бундеслигата.

Освен Ајнтрахт, на домашен терен се радуваа и на останатите четири меча кои се играа попладнево: Келн со 3:1 ја победи Борусија Дортмунд, Фрајбург со 2:1 славеше над Мајнц, Лајпциг беше убедлив со 4:0 против Бохум, додека Волфсбург со 3:2 се радуваше над Штутгарт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести