Прв потпис во Тотенхем по доаѓањето на Мурињо

Со доаѓањето на Жозе Мурињо за менаџер на Тотенхем, може да се очекува во следниот период да има неколку звучни засилувања во клубот. Додека не започне зимскиот трансфер-период, Тотенхем реши да го задржи Тоби Алдервејрелд. Белгискиот репрезентативец е еден од стандардните играчи, па затоа и доби продолжување на договорот до 2023 година.

Алдервејрелд дојде во Тотенхем во 2015 година и го истакна својот квалитет, па подолго време е стандарден во првиот тим. Стоперот кој веќе 10 години е дел и од репрезентацијата на Белгија, претходно има играно за Ајакс, Атлетико Мадрид и Саутхемптон. Сега, со новиот договор тој се обврза да остане во лондонскиот тим до 2023 година.

Во следните неколку денови се најавува дека и други играчи кои имаат важна улога во играта на Тотенхем ќе добијат нови договори.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести