Стоиле Димитриевски беше одличен на голот на Рајо Валјекано, за првпат во Ла Лига успеа да ја сочува мрежата на тимот од Мадрид, а со голот на Ембарба со соиграчите се радуваше на првата победа во шпанското првенство на домашен терен.
Нашиот голман беше еден од клучните актери во триумфот од 1:0 против Еибар, а парадата во 88. минута, кога на импресивен начин го спречи Кике да израмни ја крена публиката на нозе.
И претходно Димитриевски беше сигурен, имаше добри одбрани и не дозволи да му се затресе мрежата.
По оваа победа Рајо Валјекано стаса до 10 бодови на 14 натпревари, но се уште е во опасната зона за испаѓање, на претпоследното место во конкуренција на 20 клубови.