15.8 C
Skopje
сабота, 2 август 2025

Прв собир на Македонија во 2024 година: Одработен првиот тренинг во Анталија (Фото)

Македонската фудбалска репрезентација ги започна мини-подготовките за претстојните пријателски дуели кои треба да ги игра во турскиот туристички центар Анталија. Селекторот Благоја Милевски денеска веќе го одработи и првиот тренинг, иако на него недостасуваа Столе Димитриевски и Бојан Димовски. Комплетирањето на составот треба да биде утре.

Според договорот, Македонија на 22 март прво ќе одигра контролен дуел против Молдавија на 22 март, а три дена подоцна нашата најдобра репрезентација ќе одигра пријателски меч и против Црна Гора.

Овие натпревари на Македонија се како подготовка за претстојните настапи во Лигата на нациите, каде што за противници ги имаме Фарски Острови, Ерменија и Летонија.

- Оглас -

Најнови вести