Машката сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија вечерва, од 19 часот, во салата „Тополица“ во Бар против Црна Гора ќе ја има првата и единствена проверка во текот на августовските подготовки за она што следува на 25, односно на 28 август, натпреварите против Данска на гости и дома против Словачка од претквалификациите за ЕП 2025.
Новиот селектор Александар Јончевски вечерва за дуелот со Црногорците ќе смета на 13-мина кошаркари. Тимот го предводи капитенот Војдан Стојановски, а тука се уште и: Андреј Магдевски, Бобан Стајиќ, Дамјан Робев, Андреј Јакимовски, Стојан Ѓуроски, Бојан Крстевски, Андреј Маслинко, Виктор Ефремовски, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Марко Миловановиќ и Димитар Пандев.
Според квотите во Sport Life, победата на Црна Гора не е доведена во прашање, дилема е само колку ќе биде убедлива нивната победа. Основната хендикеп граница е поставена на 21,5 поени, што значи секој пораз на Македонија под 20 поени разлика може да се смета за солиден резултат.
Во тимот фалат Ненад Димитријевиќ и Кристијан Николов, а во иднина секако ќе бидеме засилени и со натурализиран кошаркар, па селекторот ќе има повеќе опции на располагање.