Специја е првиот тим во Серија А отако се води комплетна статистика за удари кон гол што победил, а притоа немал ниту еден директен шут кон противничкиот гол.
Жуан Жесус со автогол во 37-мата минута го реши мечот во полза на гостите, а на Наполи не му помогна ниту тоталната офанзива во продолжението.
Домаќините имаа вкупно 25 удари, од кои 7 во рамките на голот на гостите, а Специја приреди лудо чудо со победа без директен шут кон Оспина.
https://twitter.com/OptaPaolo/status/1473772334045700105?s=20
Елиф Елмас играше од 76-тата минута како резерва, но не успеа да помогне да се избегне пораз, иако имаше шанса во финишот, но ја погоди рамката на голот на Проведел.