Прв триумф за Унион Берлин во новата сезона од Бундеслигата

Унион Берлин добро ја започна новата сезона во Бундеслигата. По ремито на стартот против Мајнц на гости, сега тимот од Берлин славеше минимален триумф (1-0) против Сент Паули и веќе има четири бода.

Стрелец на победничкиот гол за Унион Берлин беше Бенедикт Холербах во 34.минута од натпреварот. Тој упати проектил од 20 метри, одлично ја зафати одбиената топка по корнерот од левата страна и ефектно ја затресе мрежата на Сент Паули.

- Оглас -

Најнови вести