Лука Дончиќ одигра нова брилијантна партија баскет и си го урна личниот рекорд во НБА со 51 постигнат поен во победата на Далас маверикс против Лос Анџелес клиперс со 112:105.
Словенецот приреди уште едно чудо и во првата четвртина буквално им играше сам на сите кошаркари на гостинскиот тим, а постигна неверојатни 28 поени, колку што имаше и целиот тим на Клиперс во стартните 12 минути.
https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1491957371869929475?s=20&t=wTwhkrb7m5YTa__HBaXRtg
Словенецот е омилен во НБА и стигна дури и да се забавува на мечот на кој играше феноменално.
https://twitter.com/ClutchPointsApp/status/1491985425665179648?s=20&t=wTwhkrb7m5YTa__HBaXRtg
Големо изненадување приреди Њујорк никс со победа против Голден стејт вориорс од 116:114, и тоа на гостински терен.
Во дербито што беше реприза на ланското финале, Феникс санс го декласира шампионот Милвоки бакс со 131:107.
Резултати: Детроит – Мемфис 107:132, Њу Орлеанс – Мајами 97:112, Вашингтон – Бруклин 113:112, Хјустон – Торонто 120:139, Далас – ЛА клиперс 112:105, Голден стејт – Њујорк 114:116, Феникс – Милвоки 131:107.