Реал Мадрид го постави дефанзивецот на Арсенал, Вилијам Салиба како приоритетно засилување за летниот преоден рок. Според шпанските медиуми, доколку трансферот се реализира, 23-годишниот Французин може да стане најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот.
Салиба има договор со Арсенал до летото 2027 година, а неговата вредност се проценува на околу 80 милиони евра. Сепак, Топчиите веројатно ќе бараат сума над 100 милиони евра за да се разделат со својот клучен играч.
Вилијам Салиба во тековната сезона одигра 33 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола во дресот на Арсенал.