ЛАЈПЦИГ – БАЕРН М. (15:30 Ч.)
Баерн Минхен ќе ја има првата шанса да ја одбрани титулата во германското првенство. Актуелниот шампион во Бундес лигата има четири бода повеќе од Борусија Дортмунд, а денеска се игра претпоследното коло, што значи дека со евентуален триумф, баварците се сигурно шампиони.
Најтрофејниот германски тим го очекува тешка задача, бидејќи ќе гостува кај Лајпциг, кој сезонава има само еден пораз во 16 меча на свој терен. Двете екипи негуваат напаѓачки фудбал, па затоа и треба да се очекуваат голови. Дури и да киксне, Баерн во последното коло на свој терен ќе може да ја освои титулата.
Предлог тип: X2&ГГ (1.95) – квота на денот во Sport Life
ДЕРБИ КАУНТИ – ЛИДС (18:15 Ч.)
Меч кој е од огромно значење за двата тима. Се работи за полуфинале од плејофот за влез во Премиер лигата, што значи дека не смее кикс. Лидс во поголем дел од првенството беше и на позиција која директно ќе ги однесеше во елитата, но поради неколку кикса на крајот од сезоната, сега мора да играат плејоф.
Сезонава во двата меча на овие екипи, Лидс се радуваше (4:1, 2:0). Затоа тимот во кој игра и македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски е фаворит, но тоа треба да се докаже на терен.
Предлог тип: Х2&2-4 (2.30) – квота на денот во Sport Life
ФИОРЕНТИНА – МИЛАН (20:30 ч.)
За Фиорентина како веќе да е завршено првенството, ако се знае дека екипата е спасена од испаѓање, а нема шанса за излез во Европа. Токму затоа, тоа е и најслабиот тим, ако се гледаат резултатите во последните пет кола, каде „виолетовите“ освоија само еден бод.
Милан уште се надева дека може да стигне до четвртото место на табелата и да се избори за излез во Лигата на шампиони. Сепак, доколку „росонерите“ дозволат кикс, може да паднат и на позиција која нема да им гарантира ниту излез во Лигата на Европа.
Предлог тип: ГГ3+ (2.35) – квота на денот во Sport Life
БАЕР Л. – ШАЛКЕ (15:30 Ч.)
Шалке ја спаси очајната сезона откако и дефинитивно избори опстанок. Тимот кој сезонава играше во Лигата на шампионите, во Бундеслигата е на последното место кое носи опстанок и сега може многу помирно да ги одигра последните две кола.
За разлика од Шалке, за Баер Леверкузен овој меч има голем влог. „Фармацевтите“ се борат за позиција во Лигата на шампиони. Баерн дома игра променливо, но овојпат не смее да си дозволи кикс, иако неверојатен е фактот дека домаќините против Шалке немаат победа во Леверкузен од октомври 2014 година.
Предлог тип: 1-1 3+ (2.30)
АТАЛАНТА – ЏЕНОВА (15 Ч.)
Клубови кои се со различни цели. Домаќините ја имаат посакуваната четврта позиција во Серија А и сакаат да ја задржат во последните три кола. Џенова никако да победи, па поради тоа падна на табелата и сега е само со четири бода повеќе од Емполи, кој е во зоната за испаѓање.
Aталанта е екипата со најдобар напад сезонава, што ветува дека ќе има погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-3 I& 1-3 II (1.78)