Прва меч-топка за Бостон, Денвер и Феникс за конференциско полуфинале

Вечерва ќе се играат три натпревари од првата рунда во плејофот во НБА-лигата, во кои фаворитите ја имаат првата шанса да обезбедат пласман во конференциските полуфиналиња.

Трите фаворити, Бостон селтикс, Денвер нагетс и Феникс санс водат со 3-1 во победи и потребен им е уште еден триумф за да ја добијат серијата.

За трите натпревари кои ќе се играат вечерва, Sport Life подготви богата понуда со по 161, односно 159 комбинации и може да се игра на конечен исход, на број на поени, хендикепи, полувреме-крај, број на поени во секоја четвртина, број на поени на секоја екипа посебно, двојни победи и уште еден куп интересни игри.

Прв тим кој ќе има шанса да обезбеди пласман во следната рунда е Бостон селтикс, кој пред своите гледачи во „Ти Ди гарден“ игра против Атланта хоукс. Бостон првите два меча во серијата ги доби релативно лесно (112:99 и 119:106), по што следуваа два меча во Атланта. Јастребите славеа во третиот натпревар со 130:122, но потоа следуваше брејк на Бостон (129:121). На сите четири натпревари досега во серијата блескаше дуото на Бостон, Џејсон Тејтум и Џејлен Браун.

Бостон е голем фаворит да слави и вечерва и да си закаже конференциско полуфинале против Филаделфија сиксерс, која во четири меча ја заврши работата со Бруклин нетс.

Најдобриот тим на Западот во регуларниот дел од сезоната, Денвер нагетс, исто така води со 3-1 во победи против Минесота тимбервулфс и вечерашен триумф ќе значи пласман во следната рунда. Денвер во серијата поведе со 3-0, но Минесота успеа да дојде до триумф во третиот натпревар (114:108), на кој блескаше Ентони Едвардс со 34 постигнати поени и го засени учинокот на Никола Јокиќ, кој имаше дабл-дабл од 43 поени и 11 скока. Квотите најавуваат нова победа на Денвер (1,28).

Победа пред своите гледачи ќе брка и Феникс санс против ослабените ЛА клиперс. Сонцата водат со 3-1 во победи, а вечерва работата повторно ќе им биде олеснета бидејќи за Клиперси нема да играат двајцата најдобри кошаркари, Кавај Ленард и Пол Џорџ, кои се повредени.

Доколку фаворитите дојдат до победи, тогаш во полуфиналето во Западната конференција еден против друг ќе играат Денвер и Феникс.

Во понудата на Sport Life има 34-ица играчи за играта „плус-минус“ поени.

- Оглас -

Најнови вести