Прва мега пресметка меѓу Вардар и Е. Пелистер сезонава, квотите ги фаворизираат Црвено-црните

Денеска (18 часот) во СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра првото големо дерби во македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер и тоа во рамки на петтото коло од плејофот во Суперлигата.

Двата тима и сезонава покажаа дека се најдобри во домашниот шампионат, имаат максимален учинок, и за очекување е токму директните пресметки да одлучуваат за титулата, како во првенството така и во Купот, како што беше случај минатата сезона.

Вардар минатата сезона успеа да ги освои двата трофеи, а сезонава одиграа еден натпревар, во Суперкупот кој му припадна на Е. Пелистер со 23:22.

Вардарци поради казната од ЕХФ, не настапуваат во Лигата на шампионите, додека Е. Пелистер веќе го заврши настапот во Лигата на Европа. Лошите игри и освоеното петто место како и петте меча без победа на домашен терен, беа причина за управата да се раздели со тренерот Ларс Валтер и на негово место да го назначи двоецот Александар Јовиќ и Звонко Шундовски.

- Оглас -

Најнови вести