Прва победа на младинците на ЕП кое се игра во Скопје

Кошаркарската репрезентација на Македонија до 20 години, ја оствари првата победа на Европското првенство Б-дивизија кое се одржува во Скопје, откако со 81:64 славеше над Словачка.

Ова е прв триумф на младинците, тие во првото коло загубија од Чешка (75:80).
Избраниците на селекторот Никола Василев одлично го започнаа мечот, поведоа со 13:4, а првата четвртина ја добија со 20:13.

На стартот од втората четвртина, благодарение на двете тројки на Мемед, Македонија поведе со 26:13 и двоцифрената предност ја одржуваше до крајот на мечот и на крајот славеше со уведливи 81:64.

Теодор Симиќ беше најдобар со 16 поени и осум скока, Андреј Шошкиќ постигна 10 поени, а Андреј Митревски даде девет поени за Македонија.

Следуваат два дена одмор за младите кошаркари и наредниот натпревар ќе го играат в вторник од 18.30 часот во СРЦ „Кале“, против Бугарија.

- Оглас -

Најнови вести