Прва победа за Босанците, а веќе се на второто место кое води во бараж за СП (Видео)

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина, дури во петтото коло дојде до првата победа во квалификациите за СП 2022, но овие три бода од денешното гостување кај Казахстан, ги сместија Босанците на второ место во групата. Победата од 2-0 на БиХ му ја донесе Смаил Превљак кој беше двоен стрелец.

Големиот број на нерешени резултати во групата, им овозможија на Босанците со само една победа во пет настапи да бидат моментно втори во групата Д, со еден бод повеќе од Украина и од Финска која има и еден меч помалку. Во оваа група води Франција со 12 бода од шест меча.

За споредба, и Македонија има 12 бода, но од седум меча, а во моментов сме на второто место во нашата група, ист број бодови има и Ерменија, и ќе се води тешка битка со Романија за таа посакувана втора позиција.

Ова е првиот гол на БиХ:

https://www.youtube.com/watch?v=GrkM5xsy6ck

- Оглас -

Најнови вести