Монако беше подобар од Црвена ѕвезда со 5-1, а Милан триумфираше над белгиски Клуб Бриж со 3-1 во двата меча од Лигата на шампионите кои почнаа во 18.45 часот.
Кнезовите немаа проблем дома со српскиот првак чија одбрана беше „тенка“ и прими 9 гола на последните два меча во ЛШ. Монако има 7 бода по три настапи и моментно е лидер на табелата. Брис Емболо влезе во историјата на ЛШ како единствен играч кој дал четири гола играјќи за четири различни екипи.
Росонерите од Милано дојдоа до својата прва победа, а патот до триумфот над Бриж го отвори Кристијан Пулишиќ со прекрасен гол од корнер. Два гола даде Рајндерс, прв Холанѓанец од Милан со „дабл“ во ЛШ после 17 години. На Франческо Камарда му беше поништен гол кој можеше да биде историски, првпат играч кој нема наполнето 17 години постигна гол.