31.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Прва сензација на Европското првенство, Германија со 30 разлика ја победи Црна Гора

Португалија славеше против Чешка на првиот ден од Европското првенство и тоа е првото големо изненадување. Португалците беа одлични во одбраната и на крајот славеа со 62:50. Интересно е дека Португалија доби три четвртини, а само во втората четврина беше нерешено.

Куети беше предводник на Португалија со монструозен дабл-дабл учинок од 23 поени и 18 скока. Расположени кај победничкиот тим беа и Рафаел Лисбоа со 15 поени, додека Вилијамс постигна 10 поени.

Во останатите три меча кои се одиграа денеска, немаше изненадувања. Црна Гора само едно полувреме ѝ парираше на Германија, но Панцерите потоа засилија во вториот дел и на крајот победија со убедливи 30 поени разлика, 106:76.

Литванија немаше проблеми против Велика Британија и славеше со 94:70, додека Турција започна со победа откако беше подобра од Летонија со 93:73.

- Оглас -

Најнови вести