Кошаркарите на Бостон селтикс вечерва ја имаат првата од четирите меч топки против Индијана пејсерс кои ги носат во големото НБА-финале.
Бостон води со 3-0 во победи во финалето на Источната конференција и вечерва во „Геинбриџ филдхаус“ во Индијанаполис има шанса по 2022 година повторно да игра во финалето.
Бостон финалето на Истокот против Индијана го отвори со победа во продолжението од пет минути (133:128) иако Пејсерси ја имаа победата во џебот. Во вториот меч, Бостон беше убедлив и славеше со 126:110, а во третиот дуел кој ќе играше во Индијанаполис во возбудлива завршница победи со 114:111.
И четвртиот меч ќе се игра во Индијанаполис, а Бостон повторно ја има фаворитската улога (1.35), додека квотата за триумф на Индијана е 3.75.
Во понудата на Sport Life има одлична понуда за „плус-минус“ ефектот на кошаркарите. Љубителите на НБА-лигата може да одиграат за тоа коилку поени ќе постигнат кошаркарите,колку скокови ќе имаат и колку асистенции, а тука е и комбинираната игра на збирен број на поени-скокови-асистенции.