Астон Вила со 3-0 победи на гостувањето во Швајцарија кај вечерва слабиот Јанг бојс, додека Јувентус со 3-1 славеше над ПСВ, а малку фалеше и таа средба да заврши 3-0 бидејќи гостите од Холандија голот го постигнаа во 93-тата минута.
Јуве со 3-1 триумфираше, а два од трите гола беа на дебитанти во ЛШ: Кенан Јилдиз и Нико Гонзалес.
Астон вила по 41 година повторно заигра во најсилното клупско натпреварување во Европа и вечерва даде пет гола, од кои два беа поништени. Голот за 2-0 кој го постигна Џејкоб Ремзи покажува колку беше лоша одбраната на Јанг бојс.
https://twitter.com/i/status/1836094309528977900