Прва желба на Рома бил Чави, но тој ја одбил понудата од „Олимпико“

Сопствениците на Рома, американските бизнисмени Дeн и Рајан Фридкин, се обиделе да го убедат Чави Ернандес да застане на чело на тимот, пренесува „Кориере дело спорт“. Каталонскиот тренер, кој до минатата година ја водеше Барселона, сепак ја одбил оваа понуда.


Американците стапиле во контакт со него веднаш по одлуката за разделба со клупската легенда Даниеле де Роси минатата недела.

На крајот, кормилото на Рома го презеде Иван Јуриќ, кој во неделата вечерта дебитираше со успех. Тоа беше и првата победа на Рома од почетокот на сезоната по неубедливиот старт и само трите освоени бода во претходните четири натпревари.

- Оглас -

Најнови вести